ИСТОРИЈА
“Експертс “ е основан во 1989 година од страна на дипл.инг. Диме Матески, наменет пред се’ како сервис и асистенција на фабриките и индустријата. Г-дин Диме Матески беше искусен инженер, кој својот професионален живот го започна раните 1970-ти години како млад наставник по машинство, за потоа да ја продолжи кариерата во неколку југословенски фабрики, и конечно како застапник на поранешната ИНА – индустриски масла.
Низ годините поминати како инженер во продажба, посетувајќи ги фабриките и разговарајќи со персоналот за одржување, Матески го идентификува главниот проблем на техничкиот персонал – недостаток на информации, непосветување време на пошироко остручување, немање техничка поддршка, што води до дефекти и долги застои во работењето.
Овие искуства го поттикнаа Матески во 1989 година да формира мало претпријатие за сервис и техничка асистенција, што ќе ангажира експерти за техничка поддршка и помош.
Првично основан како “Експерт”, бидејќи Матески беше единствениот стручњак, претпријатието во 1992, со вработување на повеќе едуцирани специјалисти прерасна во Експертс.
Во 2011 год. неговата ќерка Емилија Матеска го замени својот татко како генерален директор и ја продолжи истата визија.
Денес “Експертс” брои 14 вработени, специјализирани за различни типови сервиси во технологијата на компримиран воздих, и секојдневно продолжува со својот раст и развој.