За Нас

Експертс е специјализирано претпријатие посветено на технологијата на компримиран воздух, од неговото производство до имплементација.

Основани пред повеќе од 30 години, ние станавме, како што кажува и самото име, експерти за компримиран воздух, при што од најголема важност за нас е да ги разбереме потребите на клиентот.  Го ставаме клиентот на прво место, го разбираме и го правиме она што го сака клиентот, и тоа го реализираме навреме. За клиентот водиме грижа пред, за време и по продажбата.

Производите што ги испорачуваме се со висок квалитет и ние стоиме зад нив.  Секогаш бараме начини да им помогнеме на клиентите да  го подобрат своето работење со обезбедување на  вистинските инженерски  апликации за нивните процеси. Нашата визија е да бидеме прв избор во индустријата за иновативни и ефикасни производи, услуги и решенија за компримиран воздух преку интензивен фокус на клиентот и дисциплинирани перформанси.

Бројки

14 вработени

100m2 канцеларија

2 магацини

3 сервисни возила