Инсталации за компримиран воздух

Цевоводен систем од алуминиум

За првпат во Р.Македонија, Експертс претставува една светски призната и применета технологија – алуминиумски цевки и приклучоци наменети за инсталации на компримиран воздух, вакуум и инертни гасови.

  • Едноставна и лесна инсталација
  • Зголемен проток
  • Безбедни и сигурни
  • Без кондензат

Алуминиумските цевки се површински третирани со калибриран екструдиран алуминиум, галванизирани, премачкани со боја за превенција на корозија.

Нивното инсталирање е брзо и лесно, со помош на автоматски или полуавтоматски “push in” фитинзи, без заварување, лепење, режење навои, навртување, и без специјален алат!

Во рангот се вклучени цевки со следниве дијаметри: Ø20, 25, 32, 40, 50, 63, 80 и 100mm, во три бои (сина, сива и зелена), во пакувања од 6 и 4 метри.  Приклучоците се целосно изработени од метал, со двојно заптивање за целокупниот ранг цевки.

Иновативниот систем од Т-фитинзи за инсталации без кондензат – кондензатот останува на дното од цевката и може соодветно да се испушти низ специјалните додатоци.

Со помош на специјалните фитинзи, клиентот може да додаде повеќе излези, без сопирање на воздухот кој минува низ цевките, што овозможува реконструкција на инсталацијата без прекин на производството.

Целокупната инсталација може повторно да се употреби, т.е. може повеќе пати да се демонтира и ремонтира на други локации.

Целокупниот производен ранг е од италијанско производство, со сите потребни одобренија и сертификати.