Вентили и актуатори за компримиран воздух и флуиди

Bonomi е италијанска групација на три фабрики чија специјалност се вентили: » Rubinetrie Bresciane » Valpres » Valbia Главна дејност е производство на рачни вентили: топчести, со клапна, трокраки, Inox и PVC, наменети за вода, воздух, гас, флуиди од хемиска индустрија. Дел од производната програма на Bonomi е произвoдство на пневматски актуатори за вентили, во различни варијанти наменети за дозирање, во пречистителни станици, прехрамбена индустрија и друго. Исто така и со електромоторно погонување за оние места каде не може да се користи компримиран воздух, а е потребно автоматско управување на вентилите. Големини на вентилите од 1/8“ до 4“ или од DN8 до DN600mm. Во програмата се нудат вентили за специјална намена: Inox, PVC, за висок притисок и со АТЕХ сертификат за експлозивни средини. Покрај вентили, Bonomi е производител на “прес“ приклучоци за челични, бакарни или цевки од Inox, наменети за различна примена во индустриските објекти.