ПНЕВМАТСКИ КОМПОНЕНТИ - Camozzi
Основана во 1964 во Бреша од страна на браќата Камоци (Camozzi), вистински пионери во тој сектор, во почетокот компанија, а денес група компании посветени на низа различни сектори, главно ориентирани на машински алати и предилници. Сепак, како главна дејност останува производството на пневматски компоненти, лоцирано во провинцијата Бреша, со две фабрики во Polpenazze и во Lumezzane, кои се гордост на компанијата со високиот степен на автоматизација и технологија. Camozzi се гордее со своето производство со сертификати UNI EN ISO 9001 и UNI EN ISO 14001:2004, придржувајќи се кон безбедносните и еколошките стандарди и гарантирајќи широк спектар услуги: продажна мрежа која ја покрива цела Италија и силно присуство во странство со 21 огранок и 53 дистрибутери ширум светот; како врв на тоа, обезбедува и навремени пост-продажни услуги и програми за обука по мерка на клиентите.
Нивното производство вклучува комплетен асортиман пневматски компоненти кои се користат на полето на индустриската автоматизација:
Електрични цилиндри
Вакуум технологија
Вентили и електромагнетни вентили
Директни и индиректни вентили
Соленоиди и пневматски вентили
Механички и мануелни вентили
Логични единици
Регулација на проток
Пригушници
Вентилски блокови
Пропорционална технологија
Фитинзи, Конектори
Супер брз приклучок
Универзален приклучок
Брзоразделни приклучоци
Иноксни приклучоци